За нас
Сан Арт е здружение за аудио-визуелни уметности од Скопје, основано во 2015 година како наследник на познатото студио за аудио и видео продукција Абра-Кадабра. Основано од Бранко Попчевски, чие долгогодишно искуство како продуцент и композитор 30+ години во индустријата, резултираше со продукција на 12 документарни филмови, над 20 музички спотови и над 20 ТВ реклами.
По започнувањето на соработката со Никола Китановски како втор продуцент и директор на фотографија, тие решаваат да ги преплетат своите искуства и да создадат нова компанија за филмска и ТВ продукција, под името Сан Арт. Со акцент на играна и документарна продукција, тие заедно создаваат еклектичен каталог на проекти.
Од 2015 година до денес, нивната креативна енергија е насочена кон продукција на филмови. Горди на напредокот постигнат во последните две години, и покрај тешкотиите со кои се соочува филмската индустрија ширум светот, три кратки филмови беа финализирани и долгометражен проект влезе во развојна фаза. Нивниот тим е составен од исклучително креативни и мотивирани луѓе, чија цел е да пренесат моќни приказни до меѓународна публика.

Бранко Попчевски

Никола Китановски
Никола Китановски, дипломирал во Сеавус Александрија – Скопје како администратор на мрежата CISCO. Работел како видео монтажер и кинематограф во неколку национални телевизии во Македонија. Работел и како продуцент и видео монтажер за многу приватни компании и има продуцирано 5 документарни филмови, многу ТВ ток-шоуа и музички спотови за познати уметници. Сето собрано искуство во областа на производство на филмови доведе до улогата на ко-основач на Сан Арт со Бранко Попчевски, каде што работи како продуцент и директор на фотографија.